The Storyteller

Горјан Милошевски е роден во Скопје во 1981 година. Тој е драматург, драмски автор и сценарист. Започна да пишува драма за аматерска театарска група во 1998 г., но од 2006 г. професионално пишува драми и сценарија. Тогаш и се запиша на драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Сега работи како драматург во независниот театар за изведувачки уметности, Тheatra.

Во 2008 и 2009 г. работеше како асистент драматург во две претстави во Македонски народен театар и Драмски театар. Неговата драма Хауситери беше праизведена во Тheatra во 2011 година. Исто така, работеше како драматург на адаптацијата на Мизантроп од Жан Батист Поклен Молиер во продукција на овој независен театар. Негов најнов текст е радиодрамата Шепоти од вода.