Theatra е независен театар кој го носи создавањето на театарот на ново ниво, кое ја враќа потребата од случување театар во секоја смисла, подигнување на неговите стандарди во нови уметнички форми, облици и значења. Целта на Theatra не е да предизвика револуција во она кое театарот го носи со себе и го претставува, туку сама по себе да биде форма на оригиналност која ги отвора можностите за иновација во театарот, за негово доживување низ нови призми и перспективи, преку тимови од млади креативци за кои театарот е многу повеќе од штици, зборови и движења.
Визирот на Theatra е отворен од повеќе агли: од реалните проблеми кои го засегаат современието, преку внатрешните и социјални конфликти, па сé до границите на фантазијата и значењето на широко отворената свест.
Да се создава независен театар значи да се работи со сериозно подготвени проекти кои се базираат врз нови критериуми за квалитет на театарските изведби кои го носат театарот во нови форми кои го надминуваат стандардното поимање на театарското работење наменето за комуникација со публиката.
Останува фактот дека магијата која се случува во театарот мора секогаш да биде присутна. Да се раѓа секогаш одново, секогаш во нови форми. Theatra работи на магијата од своја, оригинална перспектива.