Хауситери

„Хауситери“ авторската комедија на Горјан Милошевски, автор во својот подем, е третата продукција на Theatra. Ова воедно е и праизведба на текстот кој дава комичен приказ на секојдневието на млад брачен пар, учителка по англиски јазик и веб дизајнер. Нивната неможност да кажат „не“ ги носи во најразлични ситуации од кои само тие знаат да најдат излез. Желбата да помогнат ги чини нивната среќа, но потребата да задоволуваат ги тера да продолжат.

Актерската екипа на  „Хауситери“ ја сочинуваат Мартин Петровски, Тина Трпкоска и Сабина Ајрула. За костимографијата  е задолжена костимографката Ивана Кнез, сценографијата е на Ива Нечевска, а дизајнот на промотивните материјали поврзани со „Хауситери“ се дело на Магдалена Дилевска. За маркетингот на претставата се одговорни Ива Дујак и Марија Зафирова. Режијата е на Билјана Радиноска.

За прв пат во Македонија за театарска претстава беше користен непосреден пристап во маркетингот, при што публиката буквално можеше да ги запознае главните ликови уште пред  да дојде на претстава. Тоа беше овозможено преку Facebook профилите на Давор и Сара Папучковски – ликовите во претставата, кои преку оваа социјална мрежа го остваруваа првиот контакт со својата публика со која заеднички ја оживуваа приказната на „Хауситери“.

Со поставувањето на овој драмски текст, независниот театар го лансираше патот на урбаната комедија, заедно со покажување на свој јасен став за вербата во нови драмски автори.

„Хауситери“ (праизведба)

Автор: Горјан Милошевски

Актери: Мартин Петровски, Тина Трпкова и Сабина Ајрула

Костими: Ивана Кнез

Сценогафија: Ива Нечевска

Дизајн на плакат: Магдалена Дилевска

Маркетинг: Ива Дујак, Марија Зафирова

Режија: Билјана Радиноска

Продуцент: Марија Зафирова