Магдалена Дилевска е родена 1988 година, во Скопје. Таа е дипломиран графички дизајнер. Има стеканто работно искуство во маркетинг агенцијата “Saatchi&Saatchi”, каде работеше како џуниор графички дизајнер, од март до декември 2011 година.
Во октомви 2010 година беше избрана да учествува на 4тата интернационална изложба “Yaku”, во Лима, Перу, каде се претстави со нејзиниот постер за зачувување на водата “Hold the last drop”. Додека во 2011 година беше избрана за off-drum финалист на 18-тиот интернационален адвертајзинг фестивал “Golden Drum” во Словенија, каде учествуваше со постерот “The Little Prince”.