Мизантроп

„Мизантроп “ од Jean-Baptiste Poquelin – Moliere e првата театaрска претстава во продукција на Theatra. Со својата премиера на 27-ми Април 2011, го означи отворањето на театарот.

„Мизантроп“ ја раскажува приказната за љубов затруена од општеството, затруена од лаги, измами, лицемерие, тајни, невистини. Раскажува приказна за конфликт со себе заради конфликтот со општеството, за потребата за искреност наспроти леснотијата на лагите. Комедија која смее, расплакува, нервира, олеснува, збунува, ја расоблекува целата вистина за љубовта, за сакањето во општеството пред публиката.

Смелата актерска игра, лудилото да се донесе барокен свет во еден поинаков простор, е на актерите Атанас Атансовски, Наташа Петровиќ, Стефанија Зисовска, Бојан Кирковски, Никола Настоски, Александар Вељановски и дојаените на македонскиот театар Билјана Драгечивиќ- Пројковска, Кирил Андоновски и Диме Илиев.

Koстимите ги изработи Ивана Кнез, музиката на James Russell. Дизајнот на плакатот е на Магдалена Дилевска, за маркетингот е одговорна Ива Дујак. Драматург на Мизантроп е Горјан Милошевски, режисер, Билјана Радиноска и продуцент, Марија Зафирова.

„Мизантроп“ – Jean-Baptiste Poquelin – Moliere

Играат:
Атанас Атанасовски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Стефанија Зисовска
Билјана Драгиќевиќ- Пројковска
Диме Илиев
Александар Вељановски
Никола Настоски
Кирил Андоновски

Костимографија: Ивана Кнез
Музика: James Russell
Драматург: Горјан Милошевски

Режија: Билјана Радиноска

Продуцент: Марија Зафирова