Звукот на коските што се кршат

„Звукот на коските што се кршат“, потресна драма напишана од Suzanne Lebeau, беше текстот кој ја означи втората сезона во Theatra.

Оваа драма ја раскажува приказната од еден дневник, за две деца, за две изгубени детства, за војна, за терор, за страв, за храброст, за издржливост, за чиста љубов.  Дејствието се случува во централна Африка, каде децата се киднапирани и претворeни во војници, тренирани да пустошат на свои 8, 10, 12 години. Бегството од воениот камп е местото од каде почнува да се раскажува нивната приказна. Претставата е работена по документаристички пристап во театарот.

Стефанија Зисовска, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ се тројцата актери кои непопустливо ја носат оваа воена драма од својот почеток до својот крај. Горјан Милошевски и Марија Зафирова го преведоа овој драмски текст. Ивана Кнез е костимограф на истата престава. Оливер Јосифовски и Вера Милошевска ја носат музиката. Режијата е на Билјана Радиноска. Продуцент на претставата е Марија Зафирова.

Ова театарско дело во продукција на Theatra, својата премиера ја имаше во Септември 2011. Со својата премиера, го отвори интернационалинот фестивал Млад Отворен Театар. Следеа гостувања во Кумановскиот театар, Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес,  беше дел од офф програмата на театрскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Оваа престава и донесе на актерката Стефанија Зисовска номинација за најдобро актерско остварување.

„Звукот на коските што се кршат“

Автор: Suzanne Lebeau

Превод: Марија Зафирова; Горјан Милошевски

Актери: Наташа Петровиќ, Бојан Кирковски, Стефанија Зисовска

Костимографија: Ивана Кнез

Музика: Оливер Јосифовски, вокал: Вера Милошевска

Режија: Билјана Радиноска

Продуцент: Марија Зафирова

Маркетинг: Ива Дујак