Привид

„Привид“, радио сценско доживување на три различни медиуми за три типови публика

„Привид“ е приказна која може да се следи на алтернативен физички простор што се користи како театарска сцена, а тоа е ноќниот клуб Балет. Претставата во клубот директно ќе се пренесува и на Метрополис радио мрежата во форма на радио драма, но од истата ќе има и директен аудио-визуелен пренос на www.theatra.mk
Зборуваме за повеќе медиумски форми: сцената во Балет и директен пренос на радио приемници, интернет радио станица и интернет видео. На тој начин различна публика ќе доживее различни искуства: некои ќе гледаат на самата сцена, други ќе слушаат и трети ќе имаат можност да следат се’ на интернет.

Галерија.

Учествуваат:
Марија Зафирова
Васил Зафирчев
Симона Спировска
Наташа Петровиќ
Викторија Илиоска
Билјана Стојкоска
Режија:
Билјана Радиноска

Техничка и несебична поддршка:
Ивана Георгиевска